• четврток, 04 декември 2025

Царинската управа спречи нелегално изнесување на девизи

Царинската управа спречи нелегално изнесување на девизи

Куманово, 19 ноември 2025 (МИА) - Царинските инспектори од мобилните тимови од Секторот за контрола и истраги на граничниот премин Табановце во текот на вчерашниот ден запленија девизи кои српски државјанин имал намера нелегално да ги изнесе од државава, соопштија денеска од Царинската управа.

-Поради сомневање во изјавата која ја дал патникот дека нема што да пријави и дека со себе носи помалку од 1.000 евра, царинските инспектори извршиле детална контрола на возилото и притоа на совозачкото седиште под машка јакна во црна рачна торбичка се пронајдени 44.000 евра, а во багажниот простор на возилото во црна кожна ташна биле пронајдени дополнителни 50.000 евра или вкупно 94.000 евра за кои лицето не поседувало документ за потекло на парите и не ги пријавило, соопшти Царината.

На лицето му биле вратени 10.000 евра, сума која согласно Законот за девизно работење нерезидентите можат без да пријават да ja изнесат од државава, а останатиот износ од 84.000 евра се привремено одземени. ам/вј/

Фото: Царинска управа

Остани поврзан