Хрватската амбасадорка Тигањ во посета на Кочани
- Амбасадорката на Република Хрватска Нивес Тигањ денеска присуствуваше во официјална посета на Општина Кочани и се сретна со градоначалникот на Кочани Владко Грозданов.
Кочани, 11 февруари 2026 (МИА) - Амбасадорката на Република Хрватска Нивес Тигањ денеска присуствуваше во официјална посета на Општина Кочани и се сретна со градоначалникот на Кочани Владко Грозданов.
Тигањ беше придружувана од советничката Ана Вучиќ.
На средбата, како што информира Општина Кочани, се разговараше за актуелните состојби во Општината, со посебен осврт на настаните по пожарот во дискотеката „Пулс“. Беа разгледани можностите за поддршка и соработка во надминување на последиците од трагедијата.

Во рамки на посетата, амбасадорката ја посети и Територијалната противпожарна единица во Кочани, каде се запозна со капацитетите и подготвеноста на службата. Предвидена е и средба со децата кои беа повредени во пожарот, како израз на поддршка и солидарност. ис/мд/
фото: Општина Кочаи