Хоџа – Солстром: Шведска e клучен партнер во еколошките реформи
- -Министерот Хоџа изрази благодарност за континуираната поддршка што Шведска ја обезбедува преку бројни проекти од областа на животната средина, кои придонесуваат за усогласување со европските стандарди и подобрување на квалитетот на живот на граѓаните. Притоа беше нагласено дека Шведска е трет најголем донатор на Министерството, по Европската Унија и Швајцарија, соопшти Министерството за животна средина и просторно планирање.
Скопје, 21 јануари 2026 (МИА) - Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, остварил средба со амбасадорот на Кралството Шведска во Република Северна Македонија, Ола Солстром, на која разговарале за унапредување на билатералната соработка во областа на животната средина и поддршката за европската интеграција на државата.
-Министерот Хоџа изрази благодарност за континуираната поддршка што Шведска ја обезбедува преку бројни проекти од областа на животната средина, кои придонесуваат за усогласување со европските стандарди и подобрување на квалитетот на живот на граѓаните. Притоа беше нагласено дека Шведска е трет најголем донатор на Министерството, по Европската Унија и Швајцарија, соопшти Министерството за животна средина и просторно планирање.

На средбата биле презентирани тековните и планираните заеднички проекти, со посебен акцент на управувањето со отпад, зајакнувањето на институционалните капацитети за Поглавје 27 и активностите за подобрување на квалитетот на воздухот.
-Посебно внимание беше посветено на регионалните и националните иницијативи за справување со загадувањето на воздухот, вклучително и проектот „Справување со загадувањето на воздухот“, кој се реализира со поддршка од Шведската агенција за меѓународна развојна соработка (Sida) и УНДП.
Министерот Хоџа ја потврди заложбата на Министерството за продолжување и продлабочување на соработката со Кралството Шведска, во насока на заштита на животната средина и забрзување на европската интеграција на Северна Македонија, се наведува во соопштението. хс/вг/
Фото: Министерство за животна средина и просторно планирање