• петок, 21 февруари 2025

Холандската морнарица придружува група од шест руски бродови во Северното Море

Холандската морнарица придружува група од шест руски бродови во Северното Море

Амстердам, 16 февруари 2025 (МИА) - Холандската морнарица придружува група од шест руски бродови во Северното Море како дел од рутинските операции за надзор, соопшти денеска холандското Министерство за одбрана.

Групата се состоела од три воени и три цивилни бродови, а се движела од Средоземното Море кон руското пристаниште, пренесува Nltimes.

Бродот на холандската морнарица Јохан де Вит, како и еден хеликоптер, ги придружуваа руските бродови надвор од холандската ексклузивна економска зона (ЕЕЗ). паг/

Фото: ЕПА

 

 

Остани поврзан