• петок, 05 декември 2025

Хегсет во посета на Јужна Кореја

Хегсет во посета на Јужна Кореја

Сеул, 3 ноември 2025 (МИА) – Американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет денеска ќе ја посети Јужна Кореја, каде ќе разговара за редефинирање на американските трупи во земјата.

За утре е предвидено Хегсет да се сретне со јужнокорејскиот министер за одбрана Ан Гју-бек. Средбата ќе биде посветена на воениот сојуз помеѓу двете земји и одбраната на Јужна Кореја од нуклеарно вооружената Северна Кореја.

Исто така ќе се разговара и за соработката во регионалната безбедност и кибернетичката и ракетната одбрана.

САД имаат распоредено 28.500 американски војници во Јужна Кореја.

Предвидено е Хегсет да ја посети и демилитаризираната зона на границата со Северна Кореја. ми/

фото: ЕПА

Остани поврзан