• сабота, 22 февруари 2025

Хамас утре ќе ја ослободи следната група израелски заложници

Хамас утре ќе ја ослободи следната група израелски заложници

Газа, 24 јануари 2025 (МИА) – Хамас соопшти дека утре, како што беше планирано, ќе ја ослободи следната група израелски заложници.

Претходно официјален претставник на Хамас изјави дека заложниците ќе бидат тие ќе бидат ослободени еден ден подоцна од очекуваното.

Хамас ќе ослободи 33 заложници следните недели како дел од сложениот договор за прекин на огнот постигнат со Израел овој месец, кој може да стави крај на 15-месечната војна во Појасот Газа.

Израелските заложници ќе бидат ослободени во замена за палестинските осуденици, кои се во затворите во Израел. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан