Хамас најави дека ќе продолжи со својот отпор на окупираниот Западен Брег
- Хамас го објави ова како одговор на израелските напади со беспилотни летала во градот Џенин, на Западниот брег, и блискиот град Кабатија, неколку часа претходно.

Техеран, 2 февруари 2025 (МИА) - Палестинската милитантна група Хамас денеска соопшти дека бранот отпор на окупираниот Западен Брег нема да запре и дека напорите на израелскиот режим да ги наметне своите планови за анексија и раселување нема да ѝ донесат ништо друго освен пораз, објави иранската новинска агенција ИРНА.
Хамас го објави ова како одговор на израелските напади со беспилотни летала во градот Џенин, на Западниот брег, и блискиот град Кабатија, неколку часа претходно.
Во соопштението, Хамас наведува дека „окупаторскиот ционистички режим продолжува да го ескалира своето насилство“ и дека „последните напади ги истакнуваат агресивните тактики на режимот и неговите залудни обиди да го потисне растечкиот отпор на палестинскиот народ“.
„Постојаното насилство, вклучително и убиствата на водачите на отпорот и бруталните напади на Западниот Брег, нема да го запрат бранот на отпор таму и нема да ја ослабне решителноста на палестинскиот народ кој останува посветен на конфронтација додека нивната земја не биде ослободена од окупација“, наведе Хамас.
Израелската армија уби најмалку пет Палестинци, вклучително и едно дете, во синоќешните одвоени напади со беспилотни летала во Џенин и Кабатија, на северот на Западниот Брег, објави ИРНА.сд/
фото:МИА архива