• сабота, 22 февруари 2025

Хаверц надвор од терените до крајот на сезоната

Хаверц надвор од терените до крајот на сезоната

Лондон, 13 февруари 2025 (МИА) - Арсенал излезе со соопштение по повредата на напаѓачот Каи Хаверц. „Топчиите“ потврдија дека германскиот напаѓач ќе го пропушти остатокот од сезоната 2024/25.

Играчот наскоро ќе биде опериран поради повреда на тетивата здобиена на тренинг.

- Набргу по неговата операција, Каи ќе започне со програма за опоравување и рехабилитација, која се очекува да продолжи во претсезонските подготовки за следната сезона, се вели во соопштението на клубот.

Повредата на Хаверц го остава тимот без централни напаѓачи.

Хаверц оваа сезона одигра 34 натпревари за лондончани во сите натпреварувања, постигнувајќи 15 голови и пет асистенции. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан