• петок, 21 февруари 2025

Хабек: Враќањето на Трамп на власт е опасност за американската демократија

Хабек: Враќањето на Трамп на власт е опасност за американската демократија

Берлин, 20 јануари 2025 (МИА) - Германскиот вицеканцелар Роберт Хабек, водечки кандидат на „Зелената“ партија за претстојните избори во Германија, денеска предупреди дека демократијата во САД е загрозена под владеењето на новиот претседател Доналд Трамп, јави ДПА.

Ако на актуелните настани се додадат „политичките интереси“ и „богатството на милијардерите се комбинира со политичките интереси и со сопственоста на инфраструктурата, тогаш богатството на власта и сила на власта може да ја турнат демократијата до нејзините граници“, рече Хабек на само неколку часа пред Трамп да положи заклетва во Вашингтон.

Хабек рече дека искрено се надева дека тоа нема да се случи, но дека луѓето во Европа мора да преземат мерки за да се заштитат од таквите сили.

-Европа мора да стане посилна и порешителна – ова е пораката од денешниот ден, нагласи Хабек.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан