• петок, 05 декември 2025

ФТ: ЕУ формира нова разузнавачка единица под водство на фон дер Лајен

ФТ: ЕУ формира нова разузнавачка единица под водство на фон дер Лајен

Брисел, 11 ноември 2025 (МИА) – Европската  комисија започна со формирање на ново разузнавачко тело под водство на претседателката Урсула фон дер Лајен, во обид за поуспешно користење на информациите собрани од националните разузнавачки агенции, објави денеска „Фајненшл тајмс“.

Единицата што ќе се формира во рамките на генералниот секретаријат на Комисијата планира да вработи службеници од целата разузнавачка заедница на ЕУ и да собира разузнавачки информации за заеднички цели, објави весникот, повикувајќи се на четири лица запознаени со плановите.сд/

фото:ЕПА

Остани поврзан