ФСБ: На Крим уапсени уште двајца членови на исламистичката група Хизб ут Тахрир

Москва, 6 февруари 2025 (МИА) – Окружниот суд во Симферопол им одреди двомесечен притвор на уште двајца членови на меѓународната исламистичка организација Хизб ут-Тахрир, која е забранета во Русија, соопшти управата на Федералната служба за безбедност (ФСБ) за Крим и Севастопол.
Претходно, Центарот за односи со јавноста на ФСБ соопшти дека на Крим е идентификувана ќелија на организацијата Хизб ут Тахрир, составена од пет руски државјани, од кои тројца беа уапсени вчера, и на кои исто така им беше одреден притвор од два месеци.
Окружниот суд во Симферопол на уште двајца обвинети им одреди превентивна мерка во форма на двомесечен притвор, до 4 април, се вели во соопштението. јт/
Фото: МИА архива