Фредериксен: Данска и Гренланд ќе продолжат со дијалогот за безбедноста на Арктикот
- Данската премиерка Мете Фредериксен денеска изјави дека Данска и Гренланд ќе продолжат со конструктивен дијалог за безбедноста на Арктикот.
Копенхаген, 22 јануари 2026 (МИА) - Данската премиерка Мете Фредериксен денеска изјави дека Данска и Гренланд ќе продолжат со конструктивен дијалог за безбедноста на Арктикот.
Како што вели таа, условот е тоа да се направи со почитување на територијалниот интегритет на нејзината земја.
Фредериксен во вторникот изјави дека она што во моментот се перцепира од американската страна се неприфатливи закани кон Гренланд и данскиот Комонвелт.
„Почнувањето трговска војна против своите сојузници во време кога Русија напаѓа европска земја мислам дека е погрешно. И тоа, за жал, ги менува условите на играта што постојат со години“, рече Фредериксен.
Според неа, Данска ги смета САД за свој најблизок сојузник додавајќи дека Копенхаген никогаш не барал конфликт, туку соработка. мс/јт/
фото: Архива