Францускиот Сенат го усвои предлог буџетот за 2025 година
- Францускиот Сенат денеска го одобри буџетот за 2025 година и го упати на разгледување до Уставниот совет, јави телевизијата БФМ.

Париз, 6 февруари 2025 (МИА) - Францускиот Сенат денеска го одобри буџетот за 2025 година и го упати на разгледување до Уставниот совет, јави телевизијата БФМ.
Доколку Советот го одобри законот, тој ќе треба да го потпише францускиот претседател Емануел Макрон за да стапи на сила.
„Немаме ниту секунда за губење“, рече сенаторот Жан-Франсоа Иссон, кој зборуваше пред советот во име на групата пратеници кои го подготвија конечниот текст на буџетот.
Буџетот има за цел да го намали дефицитот со намалување на потрошувачката и зголемување на даноците за оние со највисоки приходи и корпорации.
Францускиот Парламент вчера не и изгласа недоверба на Владата на премиерот Франсоа Бајро.
Франција е погодена од политичка нестабилност откако претседателот Емануел Макрон одлучи да распише предвремени избори во јуни 2024 година.
По тие избори, ниту една партија не освои парламентарно мнозинство, а првичните несогласувања околу буџетот предизвикаа превирања на пазарот и по само три месеци ја урнаа владата на претходникот на Бајро, Мишел Барние. Актуелниот француски министер за финансии Ерик Ломбард оцени дека таков исход од гласањето за доверба на Владата на премиерот Бајро е „добра работа“ за Франција и нејзините граѓани. рп/
Фото: МИА архива