• петок, 20 февруари 2026

Франција ќе испрати генератори на електрична енергија во Украина

Франција ќе испрати генератори на електрична енергија во Украина

Париз, 28 јануари 2026 (МИА) - Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека разговарал со својот украински колега Володимир Зеленски, осудувајќи ги најновите руски напади врз Украина.

Макрон додаде дека генератори на електрична енергија ќе бидат испратени во Украина.

Најновиот бран руски напади доведе до прекини на електричната енергија и греењето во поголемиот дел од Украина. Двете страни ја напаѓаат енергетската инфраструктура. мс/

фото: ЕПА архива

Остани поврзан