• сабота, 21 февруари 2026

Франција бара вежба на НАТО во Гренланд

Франција бара вежба на НАТО во Гренланд

Париз, 21 јануари 2026 (МИА) - По повторените закани од американскиот претседател Доналд Трамп дека сака да го анектира Гренланд, Франција побара вежба на НАТО на арктичкиот остров, објави Елисејската палата.

Франција објави дека е подготвена да учествува во вежбата на НАТО во Гренланд, објави телевизијата БФМ.

Од почетокот на својот втор мандат, Трамп постојано повторуваше дека сака САД да го анектираат Гренланд, кој е автономна данска територија, наведувајќи безбедносни причини. мс/јт/

фото: ЕПА

Остани поврзан