• сабота, 21 февруари 2026

Фон дер Лајен: ЕУ мора да ги забрза напорите кон независност за да може да се брани

Фон дер Лајен: ЕУ мора да ги забрза напорите кон независност за да може да се брани

Стразбур, 21 јануари 2026 (МИА) - Европската Унија мора да ги забрза своите напори кон независност за да се одбрани во свет што бргу се менува - изјави денеска претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

- На крстопат сме. Европа претпочита дијалог и решенија, но целосно сме подготвени да дејствуваме, ако е потребно, со единство, итност и одлучност,- рече Фон дер Лајен во обраќање во Европскиот парламент.

Таа укажа дека „во овој свет на сè поголемо беззаконие, на Европа ѝ се потребни сопствени лостови на моќ“.

- Ги знаеме - силна економија, просперитетен единствен пазар и индустриска база, силен капацитет за иновации и технологија, обединети општества и ,пред сè, вистинска способност да се браниме - рече Фон дер Лајен.

Таа истакна дека е поважно од кога било да се продолжи со фокусот на Украина, како и дека Европската Унија ќе соработува со Соединетите Американски Држави и со другите партнери на зајакнување на безбедноста во арктичкиот регион. јт/

Фото: Лајен на Х, скриншот

Остани поврзан