Флорида: Игуани „зашеметени од ладно“ паѓаат од дрвјата
- Оттаму ја повикаа јавноста да ги ловат игуаните - инвазивен вид којшто изворно не потекнува од оваа земја.
Талахаси, 4 февруари 2026 (МИА) - Редок студен бран во американската сојузна држава Флорида предизвика илјадници игуани да бидат „зашеметени од ладно“ - некои паѓаат од дрвјата, објави „Би-би-си“.
South Florida company collects over 1,000 frozen iguanas. https://t.co/NGxBiCb6Ns pic.twitter.com/80luA7dIGK
— WPEC CBS12 News (@CBS12) February 2, 2026
Влекачите како што се игуаните се ектотерми, што значи дека нивната внатрешна телесна температура е под влијание на надворешните услови. Кога времето е премногу ладно - како што температурите во Флорида деновиве паднаа под 10 Целзиусови степени, внатрешните процеси на овие животни забавуваат, а тоа доведува до појавата „зашеметени од ладно“, се наведува.
Агенцијата за диви животни за тоа подрачје соопшти дека се достапни за фаќање. Оттаму ја повикаа јавноста да ги ловат игуаните - инвазивен вид којшто изворно не потекнува од оваа земја. Според нивните податоци, повеќе од 2.000 игуани досега се предадени на властите во состојба на зашеметеност. си/јт/
Фото: Пиксабеј