Флик: Против Копенхаген ќе мора да ја прикажеме нашата најдобра игра
- Тренерот на Барселона, Ханси Флик, по победата на Барселона од 4:2 синоќа на гости кај Славија Прага во 7. коло од Лигата на шампионите, истакна дека е важно да се обезбеди директен пласман во осминафиналето.
Прага, 22 јануари 2026 (МИА) – Тренерот на Барселона, Ханси Флик, по победата на Барселона од 4:2 синоќа на гости кај Славија Прага во 7. коло од Лигата на шампионите, истакна дека е важно да се обезбеди директен пласман во осминафиналето.
- Сега Барселона е во следната рунда од Лигата на шампионите, а тоа е добра вест. Ќе мора да завршиме на ист начин. Видовте колку е тешко да се победи во Лигата на шампионите, бидејќи секој сака успех и да се пласира понатаму. Копенхаген сè уште има шанса, па ќе мора да бидеме во нашето најдобро издание во последното коло, изјави Флик по мечот во Прага.
Барселона има 13 бода и се искачи на 9. место на табелата. Славија Прага е на 34. место со три бода.
Во 8. коло, Барселона ќе игра против Копенхаген, а Славија ќе се соочи со Пафос. Двата натпревари ќе се одржат на 28 јануари. зс/
Фото: ЕПА