• сабота, 22 февруари 2025

Флик за црвениот картон на Белингем: Покажа непочитување!

Флик за црвениот картон на Белингем: Покажа непочитување!

Барселона, 16 февруари 2025 (МИА) - Тренерот на Барселона, Ханси Флик, во пресрет на натпреварот со Рајо Ваљекано во понеделник од 21 часот на стадионот Луис Компаниас, кој е дел од 24-тото коло на Ла Лига ја прокоментира ситуацијата во која играчот на Реал Мадрид, Џуд Белингем синоќа доби црвен картон поради, наводно, пцуење на судијата.

-Тоа е непочитување во секоја ситуација. За мене е така, но јас не морам да одлучувам и тоа не е моја работа. Секогаш им велам на моите играчи дека трошат енергија во расправии со судиите. Имаме човек на теренот со право да разговара со судијата, кој е капитен. А вие треба да ја прифатите ситуацијата таква, каква што е. Во ракометот судијата свири и топката останува на земја и треба да се одбраниш. Треба да учиме од овој спорт“, рече Флик. дс

Фото: Архива

Остани поврзан