• сабота, 22 февруари 2025

Фламенго го победи Ботафого и го освои бразилскиот Суперкуп

Фламенго го победи Ботафого и го освои бразилскиот Суперкуп

Белем, 3 февруари 2025 (МИА) – Фудбалерите на Фламенго синоќа го победија тимот на Ботафого со 3:1 во натпреварот од Суперкупот на Бразил.

Бруно Хенрике двапати погоди за победниците, а Луис Араухо додаде уште еден гол. 

Патрик постигна гол за бразилскиот шампион.

Ова е четврти бразилски Суперкуп за Фламенго во историјата. Тимот претходно победи во 1992, 2020 и 2021 година. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан