ФК Шкупи повеќе нема забрана за трансфери од ФИФА
- Од денеска ФК Шкупи и официјално повеќе нема забрана за трансфери од ФИФА, соопштија од тимот.

Скопје, 14 февруари 2025 (МИА) - Од денеска ФК Шкупи и официјално повеќе нема забрана за трансфери од ФИФА, соопштија од тимот.
Сите долгови на клубот се навреме вратени и сите обврски се навреме исполнети. Забраната, според нив, не била веднаш укината поради технички проблеми и бирократски процедури, кои сега се целосно решени.
-Овој процес, иако по наша волја, беше предизвик со кој сериозно и посветено се соочивме, секогаш со цел да ги заштитиме интересите на клубот. Заложбата на новото раководство беше максимална за надминување на оваа состојба, следејќи го секој законски и процедурален чекор до конечното решение на случајот, стои меѓу другото во соопштението од чаирчани. дс
Фото: Архива