Фијала на средба со Фицо го изразил незадоволството од неговите изјави
- Чешкиот премиер Петр Фијала за време на неофицијален разговор со неговиот словачки колега Роберт Фицо изразил незадоволство од неговите изјави за наводно мешање на чешки политичари во внатрешните работи на Словачка, објави денеска словачка новинска агенција.

Брисел, 5 февруари 2025 (МИА) - Чешкиот премиер Петр Фијала за време на неофицијален разговор со неговиот словачки колега Роберт Фицо изразил незадоволство од неговите изјави за наводно мешање на чешки политичари во внатрешните работи на Словачка, објави денеска словачка новинска агенција.
Тие одржаа неформален состанок во Брисел.
Говорејќи на седницата на Комитетот за европски прашања на чешкиот Парламент, Фијала рече дека словачко-чешките односи се одлични кога се во прашање односите меѓу двете земји, дека функционира задолжителна соработка на политичко ниво, додавајќи дека е неопходно да се продолжи комуникацијата со Словачка на „стандарден начин“.
Фицо повеќе пати ги обвинуваше чешките политичари за мешање во внатрешните работи на Словачка и ги критикуваше чешките медиуми за нивното известување за Словачка.
„Не е во ред какви било препораки, предлози или ставови во однос на словачката внатрешно-политичка ситуација да доаѓаат од другиот брег на реката Морава“, рече Фицо.
Фијала и чешкиот министер за надворешни работи Јан Липавски ја осудија изјавата и истакнаа дека Чешка не се меша во внатрешните работи на Словачка. Фијала потоа изјави дека должност на Чешка е, во случај некоја земја да направи нешто на штета на интересите на Прага, на тоа јавно да се спротивстави. Како пример, Фијала ја наведе неодамнешната посета на Фицо на Москва и средбата со рускиот претседател Владимир Путин. рп/
Фото: МИА архива