Фит Фан Волеј последен полуфиналист во женскиот одбојкарски Куп на Македонија
- Одбојкарките на Фит Фан Волеј им се придружија на Работнички Скопје, Наковски Волеј и Јанта Волеј КВ во полуфиналето од Купот на Одбојкарската федерација на Македонија во женска конкуренција.

Скопје, 20 февруари 2025 (МИА) - Одбојкарките на Фит Фан Волеј им се придружија на Работнички Скопје, Наковски Волеј и Јанта Волеј КВ во полуфиналето од Купот на Одбојкарската федерација на Македонија во женска конкуренција.
Во последниот четвртфинален меч денеска во Скопје, Фит Фан Волеј по израмнета борба во пет сета го елиминираше Пелистер Волеј. Второлигашот понуди силен отпор, имаше и водство од 2:0 во сетови, но Фит Фан Волеј беше трпелив и мирно одигра во следните два сета, изедначувајќи на 2:2. Во решавачкиот сет Пелистер Волеј имаше константна предност до 12:8, кога Фит Фан Волеј направи серија од 7-0 и го освои сетот со 15:12, односно конечни 3:2.
Четвртфинале, резултати:
Наковски волеј – Вардар ЕМ 3:0 (25:6, 25:15, 25:13)
Јанта волеј – КВ Газели волеј 3:0 (25:20, 25:21, 25:21)
Фит фан Волеј – Пелистер Волеј 3:2 (21:25, 17:25, 25:15, 25:18, 15:12)
Работнички Скопје – Младост УГД 3:0 (25:18, 25:14, 25:13). ег
ФОТО: ОФМ