Финансиска помош од ЕУ за Молдавија за справување со енергетската криза
- Европската унија (ЕУ) денеска додели уште 250 милиони евра финансиска помош за поддршка на Молдавија во 2025 година, која се соочува со „енергетска уцена“ од Москва по прекинот на испораките на руски гас за сепаратистичкиот регион Придњестровје.

Кишињев, 4 февруари 2025 (МИА) – Европската унија (ЕУ) денеска додели уште 250 милиони евра финансиска помош за поддршка на Молдавија во 2025 година, која се соочува со „енергетска уцена“ од Москва по прекинот на испораките на руски гас за сепаратистичкиот регион Придњестровје.
- Денеска преземаме фундаментален чекор за да и помогнеме на Молдавија да ја врати контролата врз својата енергетска судбина, напиша европската комесарка за проширување Марта Кос на Х за време на посетата на Кишињев.
Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен ја осуди „енергетската уцена“ на Москва, ветувајќи дека ќе и понуди на поранешната советска република „целосна интеграција во енергетскиот пазар на ЕУ, одвојувајќи се од Русија“.
Од почетокот на војната во соседна Украина, земјата со околу 2,5 милиони жители, која е во преговори за влез во ЕУ, ја осуди „хибридната војна“ организирана од Кремљ, вклучувајќи енергетска криза, дезинформации и мешање во изборите. јт/