• петок, 21 февруари 2025

Фидан: Неприфатлив планот на Трамп за Газа

Фидан: Неприфатлив планот на Трамп за Газа

Анкара, 5 февруари 2025 (МИА) - Турскиот шеф на дипломатијата го критикуваше предлогот на претседателот Доналд Трамп САД да го преземат Појасот Газа и да ги преселат Палестинците во други земји.

-Ова е неприфатливо прашање, изјави министерот за надворешни работи, Хакан Фидан за Анадолија.

Трамп вчера предложи САД да ја преземат Газа, каде што израелската воена акција во изминатите 16 месеци уби десетици илјади, откако претходно предложи Палестинците во енклавата да бидат трајно раселени. Идејата беше осудена од експерти и застапници за човекови права.

Претходните коментари на Трамп дека Палестинците треба да се преселат во Египет и Јордан веќе беа јавно отфрлени од палестинските и арапските лидери, а исто така беа осудени од поборниците за човекови права како еднаков на предлог за етничко чистење. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан