• петок, 21 февруари 2025

Фетаи: Извештајот на Транспаренси интернешнл е резултат на криминалното владеење на СДСМ и ДУИ

Фетаи: Извештајот на Транспаренси интернешнл е резултат на криминалното владеење на СДСМ и ДУИ

Скопје, 11 февруари 2025 (МИА) - Заменик-претседателот на Владата задолжен за добро владеење Арбен Фетаи смета дека падот на земјата за 12 места на Индексот за перцепција на корупцијата на „Транспаренси Интернешнал“ е резултат на судските скандали во последната година од претходната влада предводена од СДСМ и ДУИ. 

Коментирајќи го извештајот, Фетаи на неговиот профил на Фејсбук напиша дека тој покажува дека владеењето на СДСМ и ДУИ било корумпирано и нетранспарентно притоа споменувајќи ги и измените на Кривичниот законик со кои се овозможила амнестија за повеќе од 200 кривични предмети.

- Репутацијата на земјата во борбата против криминалот дополнително е нарушена и од скандалите во Судскиот совет и Академијата за судии и обвинители, избрани за време на владеењето на СДСМ и ДУИ, додава Фетаи.

Според него, новата Влада ги адресира стратешките приоритети, како што се реформите во правосудството и борбата против организираниот криминал и корупцијата, чие спроведување ќе донесе конкретни резултати. Во таа насока, тој го истакнува и иницирањето за разрешување на јавниот обвинител Љупчо Коцевски и интерпелацијата за членовите на Судскиот совет. фф/бак/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан