• понеделник, 15 декември 2025

Фестивал „Гласот на гајдата“ вечер во библиотеката „Браќа Миладиновци"

Фестивал  „Гласот на гајдата“ вечер во библиотеката  „Браќа Миладиновци

Скопје, 15 декември 2025 (МИА) - Прв фестивал на гајдата во Македонија, насловен „Гласот на гајдата“, ќе се одржи вечер со почеток во 19 часот во Градската  библиотека „Браќа Миладиновци" во Скопје.

Иницијатор и организатор е Стефче Стојковски кој изјави дека фестивалот е посветен само на гајдата и гајдаџиите и дека вечер ќе настапат неколку генерации на гајдаџии - татковци и синови, дедовци и внуци.

-Фестивалот е ревијален карактер,  влезот е слободен и бесплатен. На првото издание на фестивалот ќе настапат: Ратко и Филип Златановски, Горанчо и Александар Ангелов, Синиша и Теодор Грујоски, Стефче Стојковски и Теодор Стојановски - Катин, Гоце Димовски и Љупчо Најдоски, информира организаторот на фестивалот. хс/дма/

Фото: Фестивал „Гласот на гајдата“ 

 

Остани поврзан