Февруарска крводарителска акција во Кочани
- Општинска организација на Црвен крст Кочани денеска ја реализираше редовната февруарска крводарителска акција во рамки на која крв даруваа 51 крводарител од кои 14 млади лица до 30 години и четворица првократни дарители.
Кочани, 26 февруари 2026 (МИА) - Општинска организација на Црвен крст Кочани денеска ја реализираше редовната февруарска крводарителска акција во рамки на која крв даруваа 51 крводарител од кои 14 млади лица до 30 години и четворица првократни дарители.
Акцијата е втора што ја спроведува Црвен крст Кочани во тековната година и се одржа со поддршка на екипа од Институтот за трансфузиона медицина – Скопје.

Граѓаните може да даруваат крв секој последен четврток во месецот во Црвен крст Кочани или секој понеделник и четврток во Службата за трансфузиона медицина во кочанската болница. ис/вј/
Фото: Црвен крст Кочани