• петок, 21 февруари 2025

Училиштата во Ниш гласаа за целосен прекин на работата до исполнување на барањата на учениците

Училиштата во Ниш гласаа за целосен прекин на работата до исполнување на барањата на учениците

Ниш, 24 јануари 2025 (МИА) - Пленумот на просветните работници на Ниш донесе одлука за целосен прекин на наставата во основните и средните училишта на територијата на тој град до исполнување на барањата на учениците.
Во соопштението е наведено дека одлуката е донесена едногласно, со јавно гласање, јави Бета.

Вработените во образованието од пленумот испратија писмо до родителите и ги повикаа да ги поддржат во борбата што ја водат учениците.

„Да бидеме заедница која ќе ги смени овие накарадни рамки што ни се наметнати - не праќајте деца во училишта, бидете со нас! Само така, заедно ќе дочекаме и ќе се бориме за подобро утре“, се наведува во писмото испратено од пленумот до родителите.

На територијата на градот Ниш работат 36 училишта. зш/ 

Остани поврзан