Утре и во сабота топло, во недела дожд
- Утре и во сабота времето ќе биде стабилно и релативно топло, а претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла.

Скопје, 30 јануари 2025 (МИА) - Утре и во сабота времето ќе биде стабилно и релативно топло, а претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла.
Според УХМР, во недела кон крајот на денот, во текот на ноќта и во понеделник претпладне се очекуваат повремени врнежи од дожд, а на повисоките планини од повремен слаб снег.
Услови за повремени локални врнежи претежно од снег ќе има и во вторник. Од понеделник ќе дува умерен до засилен северен ветер, а температирите ќе бидат во опаѓање. сст/дма/
фото МИА архива