• петок, 05 декември 2025

Умерен земјотрес регистриран во близина на брегот на Камчатка

Умерен земјотрес регистриран во близина на брегот на Камчатка

Москва, 3 ноември 2025 (МИА) – Земјотрес со интензитет од 5,6 степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран во близина на брегот на рускиот полуостров Камчатка.

Епицентарот на земјотресот бил на 397 километри од градот Петропавловск Камчатски, на далбочина од 42,5 километри.

Засега не е издадено предупредување за појава на цунами. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан