Украинското Министерство за одбрана го разреши директорот на Агенцијата за одбранбени набавки

Киев, 31 јануари 2025 (МИА) - Украинското Министерство за одбрана соопшти дека денеска го разрешило директорот на државната агенција за одбранбени набавки.
На местото на Марија Безрукова, која е разрешена од функцијата, е назначен Арсен Жумадилов за вршител на должноста началник на службата.
Министерството нагласи дека таа одлука е диктирана од потребата да се обезбеди стабилно и непречено снабдување со оружје и муниција на фронтот.
Според украинското МО, има голем број причини за смената на Безрукова - неисполнување на планираните испораки на фронтот, бројната загриженост на Генералштабот на вооружените сили на Украина во врска со лошото планирање на нарачките и ненавремената комуникација, неоправданите доцнења во распоредот за испорака и неприфатливото истекување на доверливи информации кои ќе бидат истражени од органите за спроведување на законот. зш/
фото ЕПА