• петок, 21 февруари 2025

Украинската војска негира дека руските трупи го зазеле Торецк

Украинската војска негира дека руските трупи го зазеле Торецк

Киев, 7 февруари 2025 (МИА) – Министерството за внатрешни работи на Украина соопшти дека борците на комбинираната стрелачка бригада на Одделението за патролна полиција „Предатор“ држат одбранбени позиции во градот Торецк во областа Доњецк.

„Руските војници се на само неколку метри“, соопшти украинското Министерство за одбрана на Фејсбук, заедно со видео од позициите на украинските војници.

Во соопштението се наведува дека со дрон им се доставува храна и вода на борците.

Портпаролот на Оперативно-стратешката група на војници (ОСУВ) „Хортиција“ Назар Волошин за украински Интерфакс изјави дека борбите во градот Торецк во регионот Доњецк продолжуваат во урбаната зона.

- Непријателот ги користи сите свои сили и средства за да изврши притисок врз правецот. Украинските одбранбени сили се спротивставуваат на многукратно надмоќниот руски агресор, нанесувајќи разорни загуби во жива сила и опрема, нагласи портпаролот.

Според него, од 16:00 часот руските сили нападнале осум пати во правец на Торецк, а четири битки се уште траат.

Претходно денеска руското Министерство за одбрана соопшти дека руските војници го зазеле Торецк (Џержинск) во областа Доњецк. јт/

Фото: Мисија на Украина во НАТО

Остани поврзан