Украинската армија собори 46 руски дронови и две ракети
- Украинската армија денеска соопшти дека во текот на ноќта Русија лансирала 61 дрон и две ракети кон Украина

Киев, 25 јануари 2025 (МИА) – Украинската армија денеска соопшти дека во текот на ноќта Русија лансирала 61 дрон и две ракети кон Украина.
Од 61 дрон, според украинската армија биле соборени 46 беспилотни летала и двете ракети.
Додека 15 дронови исчезнале од радарите без да стигнат до целта. ми/
фото: МИА архива