Украина подготвена да отвори хуманитарен коридор во руската област Курск
- Украинското претседателство соопшти дека е подготвено да отвори хуманитарен коридор што ќе овозможи евакуација на стотици руски цивили од пограничниот регион Курск, доколку Москва го побара тоа.

Киев, 7 февруари 2025 (МИА) - Украинското претседателство соопшти дека е подготвено да отвори хуманитарен коридор што ќе овозможи евакуација на стотици руски цивили од пограничниот регион Курск, доколку Москва го побара тоа.
„Подготвени сме да отвориме хуманитарен коридор во регионот Курск во случај на официјално барање од Русија“, изјавија од украинското претседателство за западни медиуми.
Повеќе од 1.500 цивили се уште живеат во областите на регионот Курск во западна Русија што украинската војска ги заплени во офанзивата започната во август.
Киев го даде предлогот во време кога Русија соопшти дека отфрлила нова офанзива на украинските сили во регионот. паг/
Фото: МИА архива