Украина неутрализирала 53 од 76 дронови од Русија
- Украинските воздушно-одбранбени сили соопштија дека неутрализирале 53 од 76 дронови што Москва ги користела за напад врз земјата, објавија украинските медиуми.
Киев, 16 јануари 2026 (МИА) - Украинските воздушно-одбранбени сили соопштија дека неутрализирале 53 од 76 дронови што Москва ги користела за напад врз земјата, објавија украинските медиуми.
Од вчера, 18:00 часот по украинско време, до 8:30 часот утрово, Русија ја нападна Украина со 76 дронови од типот „Шахед“, „Гербера“, „Италмас“ и други. Воздушниот напад беше одбиен од авијација, противвоздушни ракетни сили, единици за електронско војување и беспилотни системи, како и мобилни огнени групи на украинските одбранбени сили.
Според прелиминарните податоци, до 8:30 часот наутро, силите за воздушна одбрана пресретнале 53 непријателски дронови. мс/ми/
фото: Архива