• сабота, 22 февруари 2025

Украина вели дека контролира 500 квадратни километри во руската област Курск

Украина вели дека контролира 500 квадратни километри во руската област Курск

Киев, 13 февруари 2025 (МИА) - Украина денеска соопшти дека контролира 500 квадратни километри во руската област Курск, територија што Киев има намера да ја користи како договор за пазарење со Москва.

-Имаме своја безбедносна зона на територијата на Руската Федерација ..., која зафаќа околу 500 квадратни километри“, изјави на Фејсбук врховниот командант на украинската армија, Олександр Сирски.

Ова тврдење не е независно потврдено. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан