• сабота, 21 февруари 2026

Укината забраната за камиони на Ѓавато

Укината забраната за камиони на Ѓавато

Скопје, 21 јануари 2026 (МИА) - Во 08.25 часот утрово е укината забраната за камиони на планинскиот превој Ѓавато на патниот правец Битола - Ресен, соопшти АМСМ.

Забраната беше воведена од шест часот утрово.

Од 07.45 часот, пак, поради врнежите од снег што ја зафатија земјава, воведена е забрана за тешки товарни возила на патниот правец Гостивар - Кичево преку планинскиот превој Стража. мч/дма/

фото: МИА

Остани поврзан