Уапсен 18-годишник од тетовска Палатица поради закани дека ќе постави бомби и ќе изврши убиства во средно училиште
- СВР Тетово информира дека вчера е лишен од слобода 18-годишник од Тетовско, кој испраќал закани дека ќе постави бомби и ќе изврши убиства во тетовско средно училиште. По пријавите од неколку професори од Средното медицинско училиште „Никола Штејн“ во Тетово, приведен е М. Р. (18) од Палатица..
Тетово, 13 март 2026 (МИА) - СВР Тетово информира дека вчера е лишен од слобода 18-годишник од Тетовско, кој испраќал закани дека ќе постави бомби и ќе изврши убиства во тетовско средно училиште. По пријавите од неколку професори од Средното медицинско училиште „Никола Штејн“ во Тетово, приведен е М. Р. (18) од Палатица,
- Тие добиле информации од родители на ученици дека М.б Р. праќал пораки до учениците, односно се заканувал оти ќе постави бомби и ќе изврши убиства во училиштето. Веднаш се преземени соодветни мерки и активности од полициски службеници од СВР Тетово и по добиената судска наредба, извршен е претрес во с. Палатица, Тетовско во домот и во помошните простории на Р. Р. (49). При претресот биле пронајдени повеќе предмети на син му М. Р. (18) за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава - соопшти СВР Тетово.
На 27 февруари 2026 во Палатица исто така беше лишен од слобода М. Р. (18) како осомничен за лажни дојави за поставени бомби во образовни институции, но нема потврда од СВР Тетово дали станува збор за истото лице. ас/са/
фото МИА архива