• петок, 21 февруари 2025

Туск: Ќе побарам од лидерите на ЕУ да кажат дали се подготвени за сериозни одлуки за одбраната

Туск: Ќе побарам од лидерите на ЕУ да кажат дали се подготвени за сериозни одлуки за одбраната

Варшава, 17 февруари 2025 (МИА) - Полскиот премиер Доналд Туск најави дека на денешниот самит на европските лидери во Париз, по повод војната во Украина, ќе побара од лидерите да се изјаснат дали се подготвени да донесат „сериозни одлуки за одбраната“ и оцени дека не треба да се размислува за воспоставување алтернатива на НАТО.

„Треба да се донесат големи одлуки за европската безбедност. Не можеме ефективно да и помогнеме на Украина ако сега не се погрижиме да бидеме во состојба и сами да се одбраниме“, речеТуск и порача дека во интерес на САД и Европа е тесно да соработуваат.

Тој исто така нагласи дека ако една земја сака да обезбеди безбедносни гаранции за Украина, таа земја мора да биде во состојба и гаранциите да ги спроведе. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан