• петок, 21 февруари 2025

Турција спроведе рации во 27 окрузи, откриени стотици илегални мигранти

Турција спроведе рации во 27 окрузи, откриени стотици илегални мигранти

Анкара, 21 февруари 2025 (МИА) -  Турската полиција уапси 144 нелегални мигранти за време на специјализирана операција спроведена во 27 окрузи на земјата, соопшти министерот за внатрешни работи на Турција, Али Јерликаја, пренесува ТРТ Хабер.

Во акцијата биле проверени личните документи на повеќе од 8.000 лица. За таа цел се формирани 96 мобилни пункта, опремени со компјутери поврзани со базата на податоци за бегалци на турската систем „ГучНЕТ“ (GöçNET) и уреди за земање отпечатоци. Специјализирани тимови, вклучувајќи експерти за миграција и преведувачи, учествуваа во процесот на проверка.

Министерот Јерликаја изјави дека уапсените мигранти се пренесени во центри за привремено сместување, а е покрената и постапка за нивна депортација. ссм/

фото: архива

Остани поврзан