Турција и Малезија потпишаа 11 договори за соработка
- Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и малезискиот премиер Анвар Ибрахим денеска во Куала Лумпур потпишаа 11 договори за соработка, јави турската државна телевизија ТРТ-Хабер.

Анкара, 11 февруари 2025 (МИА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и малезискиот премиер Анвар Ибрахим денеска во Куала Лумпур потпишаа 11 договори за соработка, јави турската државна телевизија ТРТ-Хабер.
Шефот на турската држава денеска беше во официјална посета на Малезија.
Ердоган и Ибрахим пристапија кон церемонијата на потпишување на договорите по нивните разговори и средбите меѓу делегациите на двете земји.
Со Ердоган во Малезија пристигнаа голем број министри, меѓу кои и министерот за надворешни работи Хакан Фидан, министерот за енергија Алпарслан Бајрактар и министерот за индустрија и технологија Мехмет Фатих Качер.
Потпишани се договори за соработка во областа на енергетиката, особено енергетската трансформација, во областа на одбраната, во областа на дипломатските односи, во областа на безбедноста, трговијата, транспортот, науката и технологијата итн.
Ердоган денеска учествува и на турско-малезискиот бизнис форум. рп/
Фото: ЕПА