• сабота, 22 февруари 2025

Трудо најави состанок на бизнис лидери и здруженија на работници во Канада

Трудо најави состанок на бизнис лидери и здруженија на работници во Канада

Отава, 5 февруари 2025 (МИА) – Канадскиот премиер Џастин Трудо денеска изјави дека деловните лидери во земјата и претставници на работниците ќе се сретнат во Торонто за два дена за да разговараат за диверзификација на трговијата и зајакнување на економијата, во услови на заканите од САД дека ќе воведат царини.

Трудо денеска потврди дека американскиот претседател Доналд Трамп пред два дена изјавил дека ќе го одложи воведувањето царини за стоки од Канада за 30 дена, како отстапка за поголема безбедност на границите на канадска страна и намалување на криминалот.

Потегот на канадскиот премиер доаѓа по повеќегодишни повици за мерки за намалување на зависноста на Канада од САД, кои сочинуваат 75 отсто од вкупниот канадски извоз на стоки и услуги. јт/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан