• сабота, 22 февруари 2025

Тројца тинејџери загинаа во Косово откако се урна таван на напуштена куќа

Тројца тинејџери загинаа во Косово откако се урна таван на напуштена куќа

Приштина, 2 февруари 2025 (МИА) - Тројца малолетници загинаа откако се урна таван во напуштена куќа во југоисточниот дел од Косово по што полицијата почна истрага за несреќата, јавија косовските медиуми.

Несреќата се случила во селото Јабланица синоќа кога се урнал дел од таванот на конструкцијата, а внатре биле тројца тинејџери.

Косовското обвинителство денеска соопшти дека „се преземаат сите истражни дејствија“ и истакнаа дека телата се испратени на обдукција.

Локалните медиуми објавија дека куќата била ненаселена со децении и дека жртвите биле на возраст од 14 до 15 години. зш/

Остани поврзан