• среда, 10 декември 2025

Тројца повредени во сообраќајка на регионалниот пат село Караорман - Штип

Тројца повредени во сообраќајка на регионалниот пат село Караорман - Штип

Штип, 9 декември 2025 (МИА) –Три лица се повредени во тешка сообраќајна несреќа која се случи на регионалниот пат село Караорман - Штип. Од СВР Штип информираат дека на терен се полициски службеници и во тек е увидот на местото на несреќата.

За да интервенираат во извлекување на повредените од возилото биле повикани и пожарникари. Повредените се пренесени во штипската Клиничка болница за укажување лекарска помош. 

 Од СВР-Штип најавија повеќе детали во текот на утрешниот ден.

Регионалниот пат село Караорман - Штип е затворен за сообраќај од 19.35 часот. Тој дел од патот каде што се случила сообраќајката, помеѓу  општините Штип и Карбинци, е познат како црна сообраќајна точка бидејќи често се случуваат несреќи. вдј/хс/

Фото: МИА

Остани поврзан