• петок, 20 февруари 2026

Тројца загинати при експлозија на автомобил-бомба во Јемен

Тројца загинати при експлозија на автомобил-бомба во Јемен

Сана, 21 јануари 2026 (МИА) – Најмалку три лица загинаа при експлозија на автомобил-бомба во јужниот дел на Јемен. Нападот најверојатно бил насочен кон лидерот на вооружена група поддржана од Саудиска Арабија.

Северно од Аден бил нападнат конвојот на видок претставник на Бригадите на гигантите Хамди Шукри. При експлозијата на автомобил бомба повредени се три лица.

Јеменските безбедносни сили потврдија дека бил нападнат конвојот на Шукри.

Во Јемен повеќе од една деценија се води граѓанска војна, во која се вклучени сложени религиозни и племенски спорови и интервенција на регионалните сили. Бригадите на гигантите соработуваат со Силите на националниот штит, поддржани од Саудиска Арабија, за да ги вратат областите во јужен Јемен кои во декември беа заземени од сепаратистичкиот Јужен преоден совет (СТЦ) поддржан од Обединети Арапски Емирати. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан