• сабота, 21 февруари 2026

Три лица загинаа во пожар на пристаниште во руската област Краснодар по напад со украински дронови

Три лица загинаа во пожар на пристаниште во руската област Краснодар по напад со украински дронови

Москва, 22 јануари 2026 (МИА) - Три лица загинаа во пожар на пристанишен терминал во селото Волна во руската област Краснодар по напад со украински дронови, објавија локалните власти. Најмалку осум се повредени.

Регионалниот оперативен штаб соопшти дека пожарот веќе е изгаснат.

Во меѓувреме, руското Министерство за одбрана соопшти дека неговите сили за воздушна одбрана уништиле 31 украински дрон преку ноќ.

„Од 20:00 часот по московско време на 21 јануари до 7:00 часот наутро на 22 јануари, 31 украински дрон беа пресретнати и уништени од силите за воздушна одбрана на должност“, соопштија руските медиуми врз основа на информации од одделот. мс/јт/

фото: ЕПА архива

Остани поврзан