Тренерот на Ал Хилал го сака Салах во своите редови
- Тренерот на Ал Хилал, Жорже Жесус, сосема искрено призна дека го сака најдобриот стрелец на Ливерпул Мохамед Салах во својот тим. 32-годишниот напаѓач се уште не го продолжил договорот со „црвените“, а неговиот актуелен истекува на крајот од сезоната.

Ријад, 12 февруари 2025 (МИА) - Тренерот на Ал Хилал, Жорже Жесус, сосема искрено призна дека го сака најдобриот стрелец на Ливерпул Мохамед Салах во својот тим. 32-годишниот напаѓач се уште не го продолжил договорот со „црвените“, а неговиот актуелен истекува на крајот од сезоната.
Египќанецот неколку пати во своите интервјуа изјави дека засега се чини дека неговата иднина не е врзана за Ливерпул. Ал-Хилал наводно е подготвен да му понуди на Салах многу атрактивен договор до 2028 година, а клубот сака тој да го замени заминатиот Нејмар.
Неодамна министерот за спорт на Саудиска Арабија, принцот Абдулазиз бин Турки Ал-Фајсал призна дека сака да го види Мо Салах во локалната лига, а сега Жесус јавно ги потврди амбициите на Ал-Хилал.
-Би сакал да го имам Салах во Ал-Хилал. Неговиот стил на игра му одговара на тимот, прокоментира поранешниот тренер на Бенфика.
Според пишувањата во Англија, Ал-Хилал сака да го ангажира Египќанецот пред Светското клупско првенство ова лето. дс
Фото: Архива