• петок, 05 декември 2025

Трајанова: Предвидени над 112 милиони денари за нов клинички центар во Скопје и во Штип

Трајанова: Предвидени над 112 милиони денари за нов клинички центар во Скопје и во Штип

20 ноември 2025

Македонија инвестира во здравјето и благосостојбата на своите граѓани. Чест ми е да ви соопштам дека во предлог-буџетот за идната година, предвидени се повеќе од 112 милиони денари за изградба на нов клинички центар во Скопје и во Штип, се наведува во денешното соопштение од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ - интегрален текст од изјава за медиуми на Моника Трајанова, пратеник од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“, што МИА го пренесува интегрално.

15 милиони денари за болница во Кичево, како и скоро 370 милиони за генерална реконструкција и доградба на јавно-здравствените установи низ Македонија.

Недвосмислен чекор напред кон подобро, современо и ефикасно здравство за секого.

Паралелно, се продолжува со систематско финансирање на јавните здравствени установи, како и на голем број целни програми, меѓу кои:

За лекување на ретки болести 1,08 милијарди денари,

Обезбедување инсулин за пациенти- 860 милиони денари.

Превентивните програми за туберкулоза се зголемуваат за 2.5 милиони денари, додека пак програмата за крводарителство расте и е зголемена за 2 милиони денари.

Посветеноста на Владата кон здравјето на секој еден е јасна и недвосмислена.

Идната, 2026-та граѓаните добиваат повеќе, а системот станува одржлив.

Буџетот обезбедува континуитет на најважните здравствени програми, подобри услови за здравствените работници, поддршка за најранливите со повеќе средства во клучните програми, како и многу други позитивни придобивки.

Пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ

Фото: „Фејсбук“ - страница на Моника Трајанова

Остани поврзан