• сабота, 22 февруари 2025

Трамп: Ќе испратиме астронаути на Марс

Трамп: Ќе испратиме астронаути на Марс

Вашингтон, 21 јануари 2025 (МИА) – Новиот американски претседател Доналд Трамп на инаугурацијата најави испраќање астронаути на Марс.

- Ќе ја следиме нашата очигледна судбина до ѕвездите, наведе Трамп.

Еден од најблиските советници на Трамп е технолошкиот милијардер Илон Маск, чија вселенска компанија „Спејс Икс“ (SpaceX) долго време има цел за испраќање астронаути на Марс.

Трамп, исто така, посочи дека САД повторно ќе бидат растечка нација.

- САД повторно ќе се сметаат себеси за растечка нација, која го зголемува нашето богатство, ја проширува нашата територија, ги гради нашите градови, ги подига нашите очекувања и го носи нашето знаме, во нови и убави хоризонти, истакна Трамп. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан